https://www.facebook.com/photo.php?fbid=386448040332396&set=pb.100069016095883.-2207520000..&type=3

29.05.2022 Скопје

Од страна на СВР Тетово, спроведена е акциска контрола за управување на возила под дејство на алкохол.

Санкционирани се вкупно 30 лица, кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Веднаш им се изготвени соодветни поднесоци и се исклучени од сообраќајот.

Од СВР Тетово апелираат до возачите, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи ја доведуваат под ризик својата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author