https://www.facebook.com/photo/?fbid=470189087794332&set=a.470189054461002

06.05.2022 Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денес соопшти дека колективната зграда до џамијата во Чаир е предвидена и во претходниот и во новиот ДУП.

Ганиу изјави дека Општината нема право да врши измени, бидејќи ќе треба да плаќаат пенали доколку ја отстранат изградбата.

Повеќе од 20 години стои како маркичка за изградба, но сега сопствениците нашле инвеститори и аплицирале за дозвола за градба. Ганиу соопшти дека тоа е нивно уставно право и дека нема како да се спречат.

Подготвено од М.Н.

About Author