10.05.2022 Скопје
Илон Маск, американскиот милијардер, го уверил европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, дека има намера да ја почитува регулативата на ЕУ што ја уредува дигиталната сфера.
Загриженоста на ЕУ за можните злоупотреби и појави на дезинформации и објавување штетни содржини се појави кога Маск донесе одлука за да ја купи платформата „ Твитер “.
Управниот одбор на „ Твитер “ ја прифати понудата на Маск за купување на социјалната платформа, со што трансакцијата на сопствеништво се очекува да биде завршена до крајот на годината.
Европскиот комесар за внатрешен пазар, Бретон, соопшти дека секоја компанија во ЕУ ќе мора да ја почитува регулативата на ЕУ, која ги уредува одговорностите за технолошките и интернет – компании и предвидува построг надзор врз онлајн – платформите.
Подготвено од А.Ѓ.