29.05.2022 Скопје
Во периодот од 25 до 27 Мај, сите граѓани коишто сакаа да помогнат, имаа можност во „МОШ Бар“, да остават храна, облека, средства за хигиена, лекови и парични средства за помош на луѓето бегалци од Украина.
Во Северна Македонија пријавени се околу 300 бегалци од Украина, кои се сместени кај роднини и пријатели и имаат службени потврди, меѓу нив има и мали деца, но и повозрасни лица.
Од Северна Македонија, досега се испратени 14 камиони помош во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.