https://www.facebook.com/photo.php?fbid=604699184349088&set=pb.100044270357638.-2207520000..&type=3

24.05.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во утрешниот ден ќе пристигне во посета на Скопје.

Дендиас треба да оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а исто така и со премиерот Ковачевски.

Се очекува разговорите да се фокусираатт на целосното, доследно и добронамерно спроведување на договорот од Преспа и зајакнување на билатералните односи во сите области.

Ова ќе биде трета посета на министерот Дендиас во Република Северна Македонија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author