18.05.2022 Скопје
По повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, која што беше организирана од страна на ЕУ делегацијата и американската амбасада.
Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска имаше свое обраќање, со кое посочи дека секогаш треба да се зборува за чувствителните теми и да се има реална слика за предизвиците на заедничкото општество.
Ѓоргиевска истакна и дека за отворено и демократско општество треба долгорочен процес и работите не можат да се сменат преку ноќ, но со заеднички труд може да се создаде праведно општество без предрасуди.
Подготвено од М.Н.