https://www.flickr.com/photos/rmtip21/9163083607

27.05.2022 Скопје

Голден Стејт, мечот го решија уште во првото полувреме, со што резултат беше 69 – 52, а до крајот на мечот само ја орджаа предноста и со 120 – 110 го победи Далас.

Голден Стејт, со победата на овој меч, стана шампион на западот и се пласира во големото финале на НБА.

Клеј Томпсон со 32 поени и со погодени осум тројки од 16 шута беше најдобар кај Голден Стејт, додека пак во редовите на Далас, вообичаено Лука Дончиќ беше најпрецизен со 28 поени, но со слаб шут на реализација.

Во големото финале на НБА, Голден Стејт ќе игра со победникот во Источната конференција, каде моментално води Бостон со 3:2 во победи над Мајами.

Ова ќе биде шесто финале за Голден Стејт во последните осум години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *