https://www.flickr.com/photos/134840930@N02/19830001901/in/photolist-wdiWGv-LVNwU4-wdiWAi-9nyLtd-5nz5ii-7DFkts-6Kukhh-5rcqEu-53oYGG-8kiKD2-8a2Lg9-b4ygD-bSeKsi-hvYGTW-ovJ8cS-KvBUa-KxPZCr-fN8M3W-dcf7oM-gSECWe-dbi9w2-gW4YRD-i2G2J-6dRTmW-ai9ifK-8URE61-asbRJQ-3nBKbg-5W2ZCu-2fMyMKP-BbgzFy-XeVe3E-55soR4-r6hWvT-o4faEH-24j4Fg-w62Txx-HdBuqg-7iFb8y-vAo8HA-dim8Dk-P79G7x-QJLeEj-8ETnZg-28cGmrB-68REAc-fimir6-2cN1SRy-9bWCdZ-4i7sq6

15.05.2022 Скопје

Претставници на Финска и Шведска беа дел од неформалната средба на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Берлин, каде што разговараат за состојбата во Украина, но и за проширувањето на Алијансата.

Финска донесе одлука да достави официјално барање за влез во НАТО, со што Столтенберг истакна дека Алијансата ќе се зајакне со зачленувањето на Финска и Шведска, кои се веќе долгогодишни партнери на НАТО.

Со влезот на Шведска и Финска во НАТО нема да има многу промени, затоа што тие секако се официјални партнери на Алијансата, кадешто единствената разлика ќе се однесува на директните воени дејства, со што со напад на една членка е напад на целата Алијанса.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author