13.05.2022 Скопје
Маричиќ во една негова изјава соопшти дека е можно да се изнајде ферр решение и процесот да се заокружи со сеопфатен документ, кој би ги утврдил обврските што се од наша страна, но и од страната на Бугарија.
Република Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, но дали ќе се отпочнат, зависи од позицијата на Бугарија, но и со амбиентот што ќе се создаде во Унијата.
Засега, јазикот и идентитетот не се дел од преговорите.
Маричиќ напомена дека за дел од точките ќе треба да се усогласат ставовите на сите политички актери.
Подготвено од М.Н.