https://www.facebook.com/photo?fbid=10160331156394783&set=pcb.10160331157059783

08.05.2022 Скопје

Во свеченото отварање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија, уметниците наместо на црвениот тепих прошетаа по тиркизниот. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани.

Македонската претставничка, Андреа Коевска, прошета по тиркизниот тепих, облечена во веќе препознатливиот стил, црно од глава до пети и со кожени ракавици, каде што прво се сликаше со македонското знаме, а потоа истото го фрли на земја, за да се фотографира без него.

Непромислениот потег на нашата претставничка предизвика гнев кај граѓаните во Македонија, кои преку своите објави на социјалните мрежи го искажаа своето разочарување и строго го осудија потегот, со што побараа од МРТ да реагираат и да го реализираат барањето за повлекување од Евровизија.

По настаните, Македонската радио телевизија соопшти дека строго го осудува потегот на нашата претставничка и јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад скандалозното однесување. Андреа со потегот покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува Андреа да се извини на граѓаните, додека јавниот сектор ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија. Исто така, против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author