31.05.2022 Скопје
Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, во своја изјава истакнал дека ембаргото на руската нафта ќе биде болно за членките на ЕУ, но и за Москва.
Одлуката да се воведе ембарго за нафтата е мерка пристигната од вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.
Договорот ќе забрани 90 отсто од рускиот увоз на нафта до крајот на годината. Нехамер додаде и дека ембаргото за гас нема да биде вклучено во овој пакет санкции.
Подготвено од М.Н.