14.05.2022 Скопје
Веќе подолг период се зборува за можното поскапување на струјата во Северна Македонија.
Шпекулација или вистина, во јавноста излегуваат информации дека ЕЛЕМ не произведува доволна количина на струја, односно дека се краде, бидејќи пред две години Регулаторната комисија ојавуваше извештај за работењето на енергетскиот пазар во Северна Македонија и тогаш во извештаите стоело дека електраните произведувале 4,1 тереват часови струја, а во периодов едвај 3,1 тереват, а тоа е 1 тереват помалку од претходните години.
Ако се земе во предвид дека просечните цени на берзите се околу 220 – 225 евра, а недостатокот на струјата треба да се увезува, значи дека сепак тоа го плаќаат граѓаните, иако луѓето не се запознаени со оваа проблематика, тие сепак поради крадењето на ЕЛЕМ, плаќаат повисоки сметки за струја.
Подготвено од М.Н.