09.05.2022 Скопје
Државниот завод за статистика регистрираше двоцифрена стапка на инфлација во април, со што цените на храната галопирачки растат, а џебот на граѓаните е се поплиток. Моментално, нема производи кај кои нема раст на цените.
Граѓаните изразуваат чувство на револт, затоа што цените секојдневно растат, а со ниски плати и пензии, тешко се преживува.
Република Северна Македонија последно се има борено со висока инфлација во деведесетите години по осамостојувањето. Експертите предлагаат побрзо да се донесе антиинфлаторна програма.
Податоците на статистика покажуваат дека во април во споредба со претходниот месец, трошоците на живот се зголемиле за 2,2 проценти, а цените на мало за 2 проценти.
Подготвено од А.Ѓ.