17.05.2022 Скопје
Штитеникот на дневниот Центар за деца од улица, Амир Дестанов, со напор и со помош на наставничките успеа да учествува на натпревар по математика и да освои трето место.
Амир кога ќе снема струја, учи и на свеќи, а желба му е да оди на прв летен одмор во Охрид.
Дневниот центар за деца од улица постои од 2006 година, во кој засолниште наоѓаат околу педесетина деца, кои питале или биле на улица, а успехот на Амир е убава вест, која во овие тешки времиња ги радува и неговите наставнички и професори.
Подготвено од А.Ѓ.