08.05.2022 Скопје
„Денот за приказ на воздухоплови“ беше отворен со надлетувањето на Ф – 16 на грчкото воздухопловство и Тандерболт 2 на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје.
Воздухопловите предизвикаа интерес не само кај децата, туку и кај возрасните. На присутните им беше дозволено да влегуваат во хеликоптерите и да ги пробуваат заштитните кациги, како и останатите реквизити. Најголем интерес меѓу присутните кои имаа можност да ги видат леталата кои претходно ги гледале само на филмови, предизвикаа функциите на авионите и хеликоперите.
Премиерот Ковачевски, министерката за одбрана, министерот за финансии, американската амбасадорка и амбасадорката на Велика Британија, началникот на Генералштабот, како и поранешната министерка за одбрана Шекеринска присуствуваа на денешниот настан, кој претставува дел од најголемата воена вежба организирана во Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.