15.05.2022 Скопје
Делегацијата на американски пратеници предводена од Мич Меконел, лидер на републиканското малцинство во Сенатот на САД во посета на Киев, каде ги примил украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Според соопштението, Зеленски на состанокот истакнал дека се радува на американската поддршка за новите санкции, но и дека Русија треба официјално да биде прогласена за држава спонзор на тероризмот. Исто така, Зеленски се заблагодарил на САД за нивното лидерство и истакнал дека тие не ја штитат само неговата земја, туку и вредностите и демократските слободи, правото на земјите слободно да ја изберат својата иднина.
На средбата е разговарано и за финансиска и воена помош за Украина, како и за нови санкции против Русија.
Подготвено од А.Ѓ.