25.05.2022 Скопје
Обраќањето на претседателот Бајден до нацијата, поради трагедијата што се случи во училиште во Тексас, беше трогателно.
Бајден изјави дека мора да се изнајде начин и закон за купување и поседување на оружје. За Бајден, неприфатливо е дека еден 18 – годишник може да купи две автоматски пушки и да одземе животи на невини деца.
Во обраќањето, Бајден упати молитви и сочувство до семејствата на настраданите и надеж дека ќе успее да се спротивстави на лобито на индустријата за оружје.
Подготвено од М.Н.