02.05.2022 Скопје
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи упати честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, каде истакна дека со заедничко празнување на овој, како и на останатите верски празници, се упатува порака дека меѓуверската како и меѓуетничката толеранција, разбирање и почитта, се столбови на македонското општество.
Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на Северна Македонија, изрази желба муслиманите овие празнични денови да ги поминат во радост и спокојство на домот, во добро здравје и духовна сила.
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, исто така го честита Рамазан Бајрам со надеж дека сите верници ќе го пречекаат Бајрам во една повисока димензија на облагородување и совесност на умот и телото.
Подготвено од А.Ѓ.