26.05.2022 Скопје
Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, напиша објава на телеграм со остри критики и закани кон Полска, поради тоа што рускиот амбасадор, Сергеј Андрејев, го испрскаа со црвена боја на Денот на победата.
Во објавата стои дека Полска е подобро да си го врати оружјето и платениците, бидејќи ако се решат, за шест секунди ќе покажат за што се способни и ќе биде полошо од Украина.
Кадиров додаде и дека ако не побараат официјална прошка од рускиот амбасадор за направеното, тие нема да го игнорираат тоа.
Подготвено од М.Н.