https://www.flickr.com/photos/44353681@N06/4075431232/in/photolist-7d8DHJ-FyPfkR-68MLoE-xPhg7r-2nuaAcX-4rCwGA-e146uU-4zjGKg-8R5PqH-8LvCf-7CezRP-K5M9U-497cjQ-6tW3gz-aLfgLZ-2n7Lxht-4ECag7-7nAZEt-5D82F-4L3p9o-8WVSaa-4toLXi-9xfwTM-6w1Zyh-7z6wy8-bvCRSa-4toLqx-6k8moJ-9xiDss-q1nP7-9xid1N-csebqb-323yUv-6Dr4iH-6C2w1K-24848E-61PtmT-69WCrU-UTjXhg-5FfvyZ-7PcvPU-2mk3hE-bwCdKu-q7CV1d-9yydZy-6a6dr2-9xfuci-6gQXxQ-5Js7Ca-or9mDV

09.05.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,88 отсто.

По полноќ, цената на бензините се зголемува за два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар по литар.

За килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 HC и ќе изнесува 53,848 денари.

Од РКЕ како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати, ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author