17.05.2022 Скопје
Од Банката за развој при Советот на Европа, со три милиони евра ќе бидат реконструирани 50 спортски сали во основни и средни училишта. Исто така, ќе биде набавена и спортска опрема за 50 сали во основни училишта.
Целта е да се поддржат физичките вежби на децата, за тие да бидат повеќе активни во процесот на образованието.
Рокот за реализација е крајот на 2024 година.
Подготвено од А.Ѓ.