https://www.facebook.com/photo.php?fbid=565913611556631&set=pb.100044139924327.-2207520000..&type=3

15.05.2022 Скопје

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин. На овој состанок се поканети и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со нивното можно идно членство во Алијансата.

На состанокот се фокусираат на руската воена инвазија врз Украина и потенцијалните импликации од војната врз сојузниците, како и престојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид.

Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на која се разговарало за актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, со што Северна Македонија, како членка на НАТО и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки, како одговор на руските воени дејствија. Исто така, министерот Османи оствари средба и со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, на која Османи истакнал дека заокружувањето на взаемните стратешки цели на двете земји за членство во ЕУ, со војната во Украина добиваат важна, ако не и пресудна, безбедносна и геополитичка димензија

Подготвено од А.Ѓ.

About Author