03.05.2022 Скопје
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје соопшти дека денес со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје, ќе биде претставен нов клуб за бугарско – македонско пријателство.
Темата на прес – конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугаско – македонско пријателство и повелба за негово формирање“.
Прес – конференцијата ќе се одржи на онлајн платформата „Зум“ и виртуелен домаќин ќе биде Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој информира дека ти не се креатори и учесници во идејата и сакаат само да ја поддржат иницијативата на добра волја.
Подготвено од А.Ѓ.