06.05.2022 Скопје
Синдикатите бараат поголеми плати од Владата и тоа во услови кога Република Северна Македонија се справува со економска криза.
Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на сите синдикати, иако имаше дел од синдикатите коишто не сакаа да се постигне овој договор.
И покрај зголемувањето на минималецот сепак повторно се водат разговори во Министерството за образование и наука, како и во Министерството за труд и социјална политика во кои се бара решение со коешто треба да бидат зголемени платите во образованието и детската заштита.
Премиерот Ковачевски реагира дека со тек на време се ќе дојде на свое место, но во моментот буџетот не е како шведска маса за кој како посака така да биде направено. Во овој период треба да се има и одговорност за да не дојдеме до инфлаторен шок.
Подготвено од М.Н.