16.05.2022 Скопје
Сите досегашни предводници на здравствениот систем се согласни дека нова и модерна Универзитетска клиника ќе ги реши проблемите, како бавната дијагностика, ненавремениот третман, но и хаосот, кој се случува во постоечкиот Центар. За жал, ниту еден не успеа да го оствари ветувањето за нов објект.
Актуелниот министер Беким Сали, во својот мандат најави нов Клинички и соопшти дека во игра се три локации, а една од нив останува тајна. Исто така, истакна дека работни групи се формирани, а политичарите од различни табори ќе треба да се договорат која ќе биде локацијата, кадешто ќе се гради и сите други детали.
Подготвено од А.Ѓ.