25.05.2022 Скопје
Црковниот аналитичар и историчар др. Горан Благоев изјавил дека Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската, како една од многуте православни цркви во светот.
Благоев смета дека во последните години, БПЦ се покажала со многу низок авторитет во семејството на православните цркви.
Благоев коментирал и дека македонската црква била воспоставена како анти – српска, но властите на Тито брзо ја претвориле во инструмент на анти – бугарско однесување.
Подготвено од М.Н.