https://www.facebook.com/photo/?fbid=144529061482200&set=pb.100077753190307.-2207520000..

12.05.2022 Скопје

По повод 11 Мај – Ден на културата и 1 Јуни – Меѓународниот ден на децата, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, министерката Тренчевска потпиша декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

Целта на декларацијата е намалување на бројот на повредени и загинати деца на патиштата во државата.

Децата се најранливата категорија учесници во сообраќајот, како патници, пешаци или возачи на велосипеди.

Покрај Министерството за труд и социјална политика, потписници на декларацијата се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, МОН и Министерството за локална самоуправа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author