28.05.2022 Скопје
Тричасовниот состанок на коалициските партнери во бугарската Влада, не донесе промени во спорот со Република Северна Македонија за кревање на ветото.
За секое постигнато решение со Северна Македонија ќе треба да добие поддршка од бугарските пратеници, кои ќе се водат според линиите зацртани во Декларацијата за Европската интеграција на Северна Македонија, која содржи повеќе спорни членови за Македонскиот јазик и историја.
Коалициските партнери нов состанок ќе имаат во вторник, но според најавите на медиумите, фокусот на овој состанок ќе биде за буџетот, а не за спорот со Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.