07.05.2022 Скопје
Заканите, како последици од пандемијата, и можните компликации од руско – украинската војна, докажаа дека банкарскиот сектор во регионот и кај нас е отпорен на шоковите и има капацитет да им одговори на предизвиците.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска учествуваше на десеттиот годишен состанок на гувернери и банкари од регионот, кој се одржа во Ровињ, Хрватска. Таа истакна дека иако очекувањата за економски раст во Европа и регионот се намали, сепак проекциите за годинава се уште се позитивни.
Од особено значење е кога монетарната политика ќе се врати во нормалната состојба и тоа постепено за да се избегнат можните ранливости и несакани финансиски кризи.
Подготвено од М.Н.