21.05.2022 Скопје
Во соопштение на руското МНР стои дека е превземен чекор како одговор на санкциите од САД, кои постојано ги воведува против Русија.
Забранет е влез на 963 Американци, меѓу кои на листата се најде и претседателот, Џо Бајден.
Русија не бара конфронтација и секогаш е отворена за искрен дијалог, но е против тоа што САД ја потикнуваат русофобијата кај американскиот народ.
Одлуката за забрана е донесена откако Бајден го потпиша пакетот за помош за Украина, од речиси 40 милијарди долари.
Подготвено од М.Н.