07.05.2022 Скопје
Канадскиот премиер, Џастин Трудо и американскиот претседател, Џозеф Бајден го нападнаа Путин и се согласија дека Русија е целосно одговорна за инвазијата врз Украина.
Во телефонски разговор, двајцата лидери разговарале и за напорите да обезбедат помош за Киев.
Бајден оствари разговор и со германскиот канцелар, Олаф Шолц, изразувајќи согласност за не признавање никакви руски територијални придобивки.
Подготвено од М.Н.