21.05.2022 Скопје
На граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници на МВР при контрола на граничниот премин, го лишиле од слобода лицето Н.Н. (55), кој е граѓанин на Република Албанија.
Констатирано е дека возилото „Мерцедес“, со албански национални ознаки, било предмет на кривично дело „Фалсификување“.
Лицето било приведено во полициската станица во Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подготвено од М.Н.