01.05.2022 Скопје
Недела – ден за неделен одмор е нашата реалност. Ова Законско решение овозможи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на работникот.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска објави видео со обраќање на социјалните мрежи и го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Министерката посочи дека во финална фаза е новиот Закон за работни односи, кое ќе биде систематско и солидарно за сите граѓани, воедно и потенцираше дека ќе продолжи да ги вложува сите свои капацитети во насока на обезбедување поголеми права, безбедни работни места и достојни услови за работа на секој работник.
Подготвено од А.Ѓ.