22.04.2022 Скопје
Според Европско – медитеранскиот сеизмички центар (ЕMSC), земјотресот во БиХ бил со јачина од 5,7 степени.
Епицентарот бил во близина на херцеговските градови Билеќа и Столац.
Силниот земјотрес е почувствуван и во Албанија, Црна Гора и Македонија, особено во Скопје, Тетово и Прилеп.
Босанските медиуми објавија дека во повеќето градови на улиците може да се забележи зголемена фреквенција на луѓе поради чувството на вознемиреност кај граѓаните.
Засега нема регистрирано поголема материјална штета и нема пријавено повредени граѓани.
Подготвено од А.Ѓ.