27.04.2022 Скопје
Мустафа Шентоп, претседателот на Големото национално собрание на Турција е во посета на Македонија, со што оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Шентоп ги посети и историските места во Скопје како што се Скопското Кале, Мустафа пашината џамија и старата скопска чаршија.
Премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил објави дека турските компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава, со што економските односи меѓу Македонија и Турција бележат напредок.
Подготвено од А.Ѓ.