30.04.2022 Скопје
Денеска започнаа свечени активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Во Струмица, Струга, Велес, Крива Паланка и Крушево беа одржани настани под мотото „МВР за граѓаните“ со цел полицијата да биде заедно со граѓаните, од поблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, задачи, униформи и опрема.
Припадниците на Единицата за брзо распоредување пред граѓаните имаа можност да прикажат боречки вештини и техники за самоодбрана, додека Специјалната антитерористичка единица „ Тигар “ пред присутните граѓани покажаа вештини за алпинистичко спуштање.
Подготвено од М.Н.