24.04.2022 Скопје
Старо – новиот претседател на Р. Србија, Александар Вучиќ, уште пред изборите изјави дека ќе победи уште во првиот круг „со околу 60 отсто поддршка“, како и дека на парламентарните и локалните избори ќе победи неговата Српска напредна партија.
Неприкосновената поддршка за Александар Вучиќ од страна на српските граѓани по завршувањето на изборите ја потврди само една од неговите желби. Александар Вучиќ победи со околу 60 отсто освоени гласови.
Геополитичките моменти по руската агресија на Украина и санкциите кон Русија, влијаат врз формирањето на новата српска влада и новата градска власт во Белград што е условено со можни коалиции.
По изборите, Александар Вучиќ изјави дека се јасни само две работи – дека СНС ќе коалицира со малцинските партии и дека новата српска влада ќе се формира до крајот на јули.
Подготвено од А.Ѓ.