10.04.2022 Скопје
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, затоа што со засилените акциски контроли во областа на Скопје, се изречени околу 200 мерки, од кои дел се за возење над дозволената брзина, за возач почетник, за возење без возачка дозвола, управување со возило под дејство на алкохол и технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно, во овие контроли се изречени и санкции за прекршоци на пешаците.
Подготвено од А.Ѓ.