https://www.flickr.com/photos/camerastrap/6451674241/in/photolist-8q57i8-5APKD-CPWDfP-DXCYA-o92hy1-51FHf3-4UQQdx-5wCFR-oZbVrw-4WfybU-fUNwb8-DWhW4-7HCBte-5hEW4Q-o827-HdmHK-dXSde9-3bx9i-4fuGVH-7MtBA-9CvMaq-aQ7vYM-eq1Mfo-abCwhn-haUoVB-3SKQGj-fUM7mV-pzdz2N-7yV9Zg-9CsRVe-7HGwZ5-3WhiZ-6KLuRB-564i3p-7HGwAY-6XTWVf-89299Q-5vPM6k-dPRri-L7Qst-7nhP6B-5UtYwQ-8e3MjP-6bK3Wv-92kdTE-8e3KHH-786B3r-6bK2Lx-KJv6Ej-5uGRoL

08.04.2022 Скопје

Незадоволни од одвивањето на преговорите со Министерството за образование и наука, СОНК донесе одлука за пролетен распуст во училиштата, поради почеток на штрајк во училиштата и градинките.

СОНК побараа солидарност, разбирање и поддршка од страна на родителите на децата во градинките и пониските одделенија за да не ги носат своите деца во образовните установи. И покрај ова барање на СОНК сепак имаше одредена поделеност помеѓу образовните установи, каде што одредени наставници сепак ја одржуваа наставата, воедно и одредени градинки ги примаа децата во установите.

Според Министерството за образование и наука учениците не треба да губат од наставниот процес и поради тоа преговорите ќе продолжат да се одвиваат со цел побрзо да се дојде до заедничко решение, со кое што ќе нема незадоволни страни и ќе се врати во нормала наставата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author