https://www.facebook.com/photo/?fbid=301681828649879&set=a.291786029639459

21.04.2022 Скопје

Министерството за труд и социјална политика изјави дека остануваат отворена институција за сите граѓани.

Ставот на министерството е дека заедно со граѓаните може да се подготват најдобрите решенија во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјалната и детска заштита, воедно и подобрување на капацитетот за вработување на лицата со попреченост.

Децата и лицата со попреченост е важно да бидат вклучени во јавниот и општествениот живот.

Министерството во соопштението се изјасни дека сака правилно и вистинито да ја информира јавноста дека тврдењата кои се шират по социјалните медиуми не се вистинити и се на штета на развој на услугите и правата на децата и лицата со попреченост.

Подготвено од М.Н.

About Author