20.04.2022 Скопје
По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за укинување на Ковид мерките за влез во државава од страна на домашните и странските државјани.
Укинати се мерките за задолжително приложување на сертификат за извршена вакцинација, како и за прележан КОВИД-19 во последните 6 месеци, медицинската потврда за негативен ПЦР тест или негативен антиген тест при влез во земјава.
Во одлуката на Владата стои и дека се укинува рестриктивната мерка за домашна изолација.
Укинувањето на горенаведените мерки и на претходно олабавените рестриктивни мерки во кои спаѓаат и мерките за задолжително носење на заштитни маски во училиштата и општо во затворените простории, како и укинувањето на сертификатите за влез во шопинг центрите, се како последица на стабилната епидемиолошка состојба во земјава.
Во здравствените установи, јавниот превоз и домовите за стари лица останува да важи рестриктивната мерка за задолжително носење на заштитни маски.
Подготвено од А.Ѓ.