29.04.2022 Скопје
Почнувааат активности за реновирање на Ургентниот хируршки центар во Скопје, кое ќе биде во траење од еден или најдоцна два месеци.
За тоа време, пациентите ќе се упатуваат и згрижуваат во просториите на Клиника за трауматологија, а доколку дојде до зголемување на бројот на паиенти ќе бидат згрижувани и во Градската општа болница 8ми Септември.
Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ ќе ги згрижува пациентите од другите градови.
Подготвено од М.Н.