https://www.facebook.com/424506668090970/photos/pb.100064038543612.-2207520000../1134597967081833/?type=3

22.04.2022 Скопје

Во Битола, изминатиот викенд, беше отворен бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во присуство на висока бугарска делегација, предводена од премиерот Кирил Петков.

Во јавноста беа изнесени жестоки критики по овој чекор на Бугарија и поради тоа Владата соопшти дека ќе го разгледа прашањето за регистрацијата на здружението.

Министерството за правда соопшти дека ќе го разгледаат прашањето за историски личности и дека ги чекаат предлозите за интервенција во законот.

Во Законот за здруженија и фондации ќе има промени поради потребата од допрецизирање во делот на финансирање на здруженијата и фондациите, политичките партии и нивната ангажираност во политичките процеси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author