30.04.2022 Скопје
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ+“ со негативен изглед.
Во извештајот се наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е подржана од владините мерки за раст на платите и јавните инвестиции.
Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и е еден од клучните индикатори кои што потенцијалните инвеститори ги земаат во предвид при носење на нивните одлуки.
Подготвено од М.Н.