23.04.2022 Скопје
Тешко е да се дознае што навистина сака Бугарија во спорот со Македонија.
Од провокација до провокација, од изјава до изјава, од закана до закана и уцена, не се само вообичаените историски наративи кои го ѕидаат ветото на Македонија за почнување на преговори за влез во ЕУ.
Бугарија не го признава дури ни пописот во Македонија, затоа што само 3 500 граѓани се изјасниле дека се Бугари, а според податоците на Софија за последните 15 години биле издадени 85 000 бугарски пасоши.
Бугарија има пет услови за Македонија кои се поставени одамна.
Со непризнавањето на пописот, дали како земја членка на ЕУ покажува ароганција кон нас?
Подготвено од М.Н.