https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.335967709782781/2293569370689262

09.04.2022 Скопје

Град Скопје објави јавен повик со кој сака да ги поттикне младите, дел од своето слободно време да го користат за учество во најразлични спортско-рекреативни активности, со што ќе негуваат здрави животни навики, да учествуваат во многуте семинари, едукации, активности во областа на културата, уметноста, како и за заштита на животната средина, воедно и да поттикне креирање на повеќе идеи во информатичката технологија.

Град Скопје сака да учествува активно во афирмацијата и поддршката на младинските активности, работа и неформално образование, со што ќе ги распореди буџетските средства токму за оваа намена.
Секако овие средства ќе бидат од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје.

Потребните податоци и информации можат да се подигнат од архивата на Град Скопје ( барака 16 ) или од официјалната страна на Град Скопје www.skopje.gov.mk .

Овој јавен повик ќе трае до 21.04.2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author