https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/5182520811794089

14.04.2022 Скопје

Во поранешната фабрика за мебел горат хали, работилници и магацини во кои има стар мебел и кабли.

Според информациите, центарци најпрво слушнале експлозија, а потоа избувнал пожарот од кој се почувствувала страшната миризба од густиот чад во околината.

Екипите на противпожарната служба, поддржани од МВР, успеаа да го локализираат пожарот. Постојат индиции дека истиот е подметнат.

Во следните денови ќе се бараат одговори на прашањата КОЈ? и ЗОШТО? го подметнал пожарот.

Во пожарот нема повредени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author