17.04.2022 Скопје
Околу 30тина полицајци од граничниот премин Блаце се под истрага, бидејќи биле пријавени дека со намера ги оштетувале камерите за да можат да земаат мито, односно ја злоупотребувале службената положба.
Внатрешна контрола работи на случајот и на полицајците им е изречена дисциплинска мерка за санкционирање.
Подготвено од А.Ѓ.