16.04.2022 Скопје
Од следната недела ќе биде пуштен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, за одгледување на житни култури во големина од 6 000 хектари плодна земја.
Оваа мерка е предвидена за да се зајакне домашното земјоделско производство и да се поттикнат домашните земјоделци кон зголемено производство на земјоделски култури. Целта е полесно справување со светската криза, но и како држава да станеме увозно независни.
Подготвено од А.Ѓ.