https://www.flickr.com/photos/iip-photo-archive/52015657913/in/photolist-2nfrQUa-rYLHpC-2nfYrRy-TvQ9uC-2iTfAwV-4HfWzm-G5uKaY-6h9dAn-26rowre-7Vr2U8-HDasu-7UwKqZ-2iT7BSV-2iTe1zx-2fxrjUJ-edeZzi-FAVviv-U3MAt7-7WjuLi-2kUfoBQ-7WnLUC-sfWsWY-2iTfJyW-2kUiKr5-FBfP66-rYZdzu-2kUmEUt-TSadUy-2kPRMFK-251vV68-2iSQQNX-FzyUmn-Gvevba-2kUnEA1-2iTmk7P-G76c7o-7VwW2Q-255uFjk-26qYude-2kUp7mE-nhCY7Y-njaduP-GkN8d3-XSMN-6hdVoT-6h76HL-6hpCh7-2iTdZ6B-6hf4Lq-GGXMVD

22.04.2022 Скопје

Планетата Земја се соочува со двоен предизвик – климатските промени и опаѓање и уништување на биодиверзитетот.

Дали е уништена хармонијата со која природата и човештвото живееле со години? Секако дека е. Изминатите неколку години се соочуваме со екстремно топли лета, поларни зими, невремиња кои се од разурнувачки размери, поплави, суши, па дури и пандемии кои претставуваат пораки кои природата ги испраќа како последица на дејствувањата на човекот.

Планетата Земја претставува еден заеднички дом на целата популација и поради тоа треба да се дејствува побрзо за да се зачува она што е останато и да се стави фокус како да се поправи она што е веќе уништено.

Претседателот на локалната канцеларија на „Часот на планетата Земја“ во Македонија, во едно интервју, изјави дека теба да се дејствува во насока на мобилизирање на поединците, бизнисите и владите да бидат дел од решенијата за да се изгради здрава и одржлива иднина за сите.

Министерството за животна средина и просторно планирање во Македонија испрати порака до сите институции, бизнис заедници, граѓанските организации и движење, секој поединец да инвестира во нашата планета, затоа што зелената иднина претставува просперитетна иднина.

Европската комисија на својот твитер профил соопшти дека со Европскиот зелен план даваат напори за да се изборат против ефектите од климатските промени и Европа до 2050 година да стане првиот климатски – неутрален континент.

Од ОН предупредија дека Земјата се соочува со „тројна планетарна криза“: нарушување на климата, губење на природата и биодиверзитетот и загадување и отпад, со што се загрозува благосостојбата и опстанокот на милион луѓе ширум светот, затоа што се нарушени основите на среќен и здрав живот како што се чистата вода, свежиот воздух и стабилната и предвидлива клима.

„Инвестирај во нашата земја“ е темата овогодишното одбележување на Светскиот ден на планетата Земја. Темата се фокусира на забрзување на решенијата за борба против најголемите светски закани како што се климатските промени и конзервација на природата.

Сите ние мораме да разбереме дека само со заеднички ангажман можеме да ја заштитиме нашата земја и заеднички да дејствуваме во интерес на планетата и на сите нејзини жители.

Климатските промени повеќе не се некоја мисловна именка, туку се наша сурова реалност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author